Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Исполнета е нашата стратешка цел, станавме 30. членка на НАТО, сојузници сме со најмоќните држави во светот, обезбедена е нашата иднина

-Нашата стратешка цел е исполнета, Република Северна Македонија стана 30. членка на НАТО. Во овие тешки моменти на голема здравствена криза, македонските граѓани имаат причина да бидат горди и среќни. Исполнета е нашата стратешка цел, станавме сојузник со најсилните држави во светот. Храбрите и успешни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев постигнаа огромни резултати, соопшти СДСМ.

„Без Договорот од Преспа и без Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија немаше да биде возможен овој денешен успех.

Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.

Членството во НАТО обезбедува сериозни економски можности и перспективи.

Веднаш по надминувањето на светската здравствена криза со корона вирусот, на нашата земја ќе и се отвори пазар вреден четири милијарди евра годишно, но и перспективата со странски инвестиции.

Токму членството во НАТО и отворањето на економските можности за Северна Македонија надвор од границите, ќе преставува олеснување во надминувањето на економските од пандемијата со коронавирусот.

Сега сме исправени пред друг предизвик, сега капацитетите на државата се насочени кон здравјето и животот на граѓаните за заеднички да се справиме со сите опасности од вирусот и да ги намалиме економските штети.

Успесите што ги постигнавме на меѓународен план, членството во НАТО, почетокот на преговори со ЕУ, се мотивација за сите дека заедно можеме да ја победиме и коронакризата и да продолжиме да чекориме по патот на успехот.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000 – нашата борба можеби е тешка, но е праведна

ДЕСК

Драстични промени со времето, прво дождови, па значително зголемување на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ: „Плусинфо“ манипуира и одработува за ДПМНЕ, треба да му се извини на Филипче!

ДЕСК