Centar.mk
БИЗНИС

Манчевски за Кликплус: Во оваа приказна сите сме заедно и мора да бидеме солидарни

Во овие времиња мора да мислиме, не само на она кој колку зема плата, туку и да покажеме солидараност, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски за емисијата Кликплус на ТВ21.

Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, бидејќи без приватниот бизнис нема плата за администрацијата, но и обратно, истакна Манчевски, додавајќи дека навистина ќе требаат сериозни напори за воопшто да се подели таа плата.

Со мерките правиме напори, но состојбата е непревидлива и ги немаме сите информации, рече Манчевски, нагласувајќи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но има и други сценарија, да трае многу подолго.

Во секој случај во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК