Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните кои ќе пристигнат на граничните премини ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница донесе Уредба преку која граѓаните кои пристигнуваат на граничните премини за влез во земјава ќе бидат транспортирани до државните карантини секој ден во 10 часот и во 20 часот.

– Апелираме до граѓаните кои мораат да допатуваат во земјава да ги планираат своите пристигнувања на граничните премини непосредно пред посочените термини со цел да не се создава гужва и чекање, рекоа од владата во краткото соопштение до медиумите.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК