13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Штом го добијам предлогот од Владата за вонредна состојба ќе го упатам до Пендаровски

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска соопшти дека се уште на ја примил предлог – одлуката на Владата со која се бара од Парламентот да прогласи вонредна состојба поради справување со ситуацијата со коронавирусот, но ја очекува во секој момент.

– Согласно процедурите истата предлог одлука врз основа на Уставот, чл 125 став 4 дека Собранието не може да се собере, ќе биде упатена до претседателот на државата. Се надевам дека претседателот ќе постапи согласно неговите надлежности, рече Џафери.

Собранието, додаде Џафери, не може да се собере и поради наредбата за забрана за собирања на поголеми групи на граѓани, особено во затворена просторија.

Тој појасни дека свесни за новата состојба општа е одлука дека не треба да се одржуваат изборите, ценејќи ја ситуацијата и оти од правен аспект со експертите заклучокот е дека Собранието како резултат на претходната одлука за самораспуштање го има вратено суверенитетот кај граѓаните. Во тој контекст, рече, предлогот на лидерската средба и од експертите бил од Пендаровски да се објави вонредна состојба која што состојба ќе овозможи други надлежни институции соодветно да функционираат и да делуваат во ситуацијата.

– Од моментот на прогласување на состојбата надлежноста на Собранието во смисла на законодавство преминува во надлежност на Владата која што со уредби со сила на закон треба да ги доуредува и уредува сите околности коишто се врзани за потребата и за предусловите за објавување вонредна состојба, како и по однос на процедурите и процесите – предизборни и изборни, рече Џафери.

Претседателот на државата Стево Пендаровски, пак, претходно на својот профил на Фејсбук напиша дека очекува претседателот на Собранието да го проследи владиниот предлог за прогласување вонредна состојба до него, по што ќе се обрати до јавноста.

Спонзорирано: