Во текот на вчерашниот ден пет млади лица биле уапсени на различни локации низ Скопје, од кои двајца поради нелегално поседување на марихуана и тројца поради поседување на нож.
„На 16.03.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Саса“, ги лишиле од слобода Н.Р.(22) и А.И.(22) двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 16.03.2020 во 13.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Црешево, при извршен преглед кај А.Д.(19) од Скопје, пронашле нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 16.03.2020 во 14.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, при извршен преглед кај Ф.Б.(23) и И.Н.(25), двајцата од Скопје, пронашле два ножа на расклопување. Тие биле приведени, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. “ стои во соопштение од МВР.