Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат, во соработка со Црвен Крст се делат заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците

Министерството за труд и социјална политика информира дека четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица.

Во функција се прифатните пунктови во Скопје, Битола, Струмица и Струга. Дополнително, во Скопје функционира и медицински пункт во Момин Поток, во организација на Црвен Крст. Хигиенски производи се дистрибуирани и на бездомните семејства сместени во Визбегово.

Дополнително, Министерството преку центрите за социјална работа организира акција за набавка и дистрибуција на средства за дезинфекција и заштитни средства за семејствата кои живеат во субстандардни услови.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Очекуваме Регулаторна да донесе одлука за намалување на цените на горивата после последните промени на енергетските пазари – остануваат одлуките на Владата за намалување на Ддв и акциза и најниски цени на горивата во регионот

ДЕСК

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК