Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски на Топ тема: СДСМ е на автопат и води напред, ВМРО-ДПМНЕ е на крстопат, по црните патишта и влече назад

Ги покачуваме пензиите, платите, градиме инфраструктура, патишта, отвораме градинки, се враќа ДДВ, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на своето гостување на емисијата Топ тема.

Само за 2,5 години изградивме 750 километри патишта, а во наредните четири години ќе изградиме 250 километри нови патишта, како и 1.500 километри реконструкции на патишта, истакна Николовски.

Тој наведе дека меѓудругото се изградени патните правци Куманово Бељаковце, а сега се гради до Крива Паланка, изградени се патните правци Кочани – Пробиштип, Кочани –Штип, односно во Малешевијата нема пат кој не е реконструиран.

Јас сум претставник на младата генерација која работи на обновување на земјата, по режимот на ВМРО-ДПМНЕ, истакна генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +