Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Започна медиумската кампања „Ако имаш мислење, гласај!

Кампањата ќе се обиде да потенцира дека гласањето на избори е всушност гласање за политики кои имаат цел создавање на отворено, демократско и функционално општество.

Фондацијата Отворено општество –Македонија (ФООМ) денеска почна медиумска кампања која има цел да ги мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во април годинава.

– Гласањето е право кое граѓаните имаат шанса да го искористат на избори, но често тие не се сигурни дека тоа ќе направи разлика. Оваа медиумска кампања ќе се обиде да допре до граѓаните и да им посочи дека вклученоста и гласањето на избори се единствениот начин на кој граѓаните можат да направат разлика и да влијаат на одлуките кои подоцна пак имаат директно влијание врз нив. Кампањата ќе посочи дека и покрај тоа што можеби политиката некому лично не му е важна, сепак сите важни работи во животот зависат од политиката. Прашањата врзани со слобода на говор, социјални политики или пак со транспарентност и отчетност на властите, се прашања од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните, и во суштина, се политика, велат од ФООМ.

Воедно, кампањата ќе се обиде да потенцира дека гласањето на избори е всушност гласање за политики кои имаат цел создавање на отворено, демократско и функционално општество. Гласањето на избори значи изразување на мислење за тоа кои се оние кои ќе носат одлуки во имена граѓаните во наредните години имајќи ги предвидполитиките кои тие ќе ги застапуваат. Во рамки на кампањата се изработениТВ спотови, радио спотови, веб-банери како и комуникација за социјалните мрежи. Повеќе информации врзани со елементите накампањата можете да најдете на веб страницата на ФООМ www.fosm.mk, како и на официјалните профили на Фондацијата на Facebook, Instagram и Twitter.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.