Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ – интегрален текст
Оваа криминална палата на режимот наследена од Никола Груевски ја управува неспособниот лидер Христијан Мицкоски. Човекот запаметен од граѓаните како неодговорен директор на ЕЛЕМ и како недомаќин кој увезувал струја со народни пари по незапамтено висока цена.
Партијата од овој бел дворец е олицетворение на децениската криминална политика, а сега западната во милионски долгови, во период кога со неа управува расипничкиот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски.
Се што ќе фати Мицкоски во рака го претвора во пустош, исто како и неговиот шеф Груевски, исто како и неговите сопартијци.
Не водејќи грижа за државната каса и за парите на граѓаните, во јануари 2017 година Мицкоски купил увезена електрична енергија која достигнала до фантастични 240 евра за мегават час.
За таа намена тој потрошил 5,6 милиони евра. Ако Мицкоски се грижел на буџетот ќе работел одговорно, а не расипнички.
Тоа што го прави најлош и најнеодговорен директор се овие фактите:
Лично Мицкоски во 2017-та не дозволил домашно производство на енергија со што ја приморал компанијата да увезува скапа струја, како и тоа дека купувал струја ден за ден што е најскап модел, наместо да набави електрична енергија за подолг период со што би се намалила цената на увозната струја.
Јасно е дека Мицкоски ја загрозил стабилноста на енергетскиот систем во државата.
Почитувани,
Мицкоски не е способен да води компанија, а камо ли држава. Граѓаните веќе ја препознаа неговата манипулаторската политика и доволно слушаа за неговите лаги.
Граѓаните последниот збор против режимско- криминалната партија ќе го кажат на 12-ти април.
За големиот пораз од народот е свесен и самиот Мицкоски кој побегна од парламентарните избори без да се кандидира.