Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откупната цена на оризот е повисока од минатата година

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, го посети кочанскиот регион.За време на посетата Шапуриќ посети повеќе компании кои вршат откуп на оризот, помеѓу кои „Левиди Агро“, „Еко Зрно“ и „Даниво“ каде разговараше со менаџментот и вработените во овие компании. Притоа, тој се интересираше за текот, динамиката и цените на откупот на оризизот и ги посети производните капацитети каде што се врши откупот на оризот.

Во разговорите беше констатирано дека откупот се одвива веќе неколку месеци без некои проблеми и дека се очекува да заврши до крајот на месец април. Откупната цена на оризиот се движи помеѓу 50 и 52 денари и е повисока од ланската цена.

Шапуриќ нагласи дека улогата на Државниот инспекторат за земјоделство не се состои само од репресивна контролна компонента туку има и превентивна улога и дека е во постојана комуникација и со производителите на земјоделски производи и со откупувачите и дека субвенциите за оризот во изминатите години се зголемени. Тој потенцираше дека Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се силно посветени на унапредувањето на земјоделското производство.

Шапуриќ ја посети и подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделство во Кочани, каде со вработените разговараше за соработката на инспекторатот со другите надлежни институции во сузбивање на долгогодишна негативна појава на палење на земјоделско земјиште.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +