Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вечерва голема полициска акција – откриени над 60 мигранти

Полицијата вечерва открила нов случај на криумчарење мигранти близу македонско-грчката граница, јавува „360 степени“.

Станува збор за група од повеќе од 60 мигранти пронајдени во камион со скопски регистарски таблички близу селото Миравци. За настанот е известено обвинителството за гонење организиран криминал, кое е надлежно за овие случаи.

Неофицијално, возачот на камионот е од Скопје и против него утре ќе биде поднесена кривична пријава.

Во последните недели зачестија обидите за криумчарење мигранти во земјава, особено откако Турција ја крена рампата за нивен трансфер кон Грција и Бугарија. Сепак, најверојатно станува збор за мигранти кои од порано биле на територијата на Грција, а сега полесно се движат на север затоа што грчките полициски сили се концентрирани на граничната линија со Турција.

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против двајца измамници, измамиле велешанка за сума од околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

ДЕСК

Усвоен Предлог законот за парнична постапка, се реализира уште една обврска од Развојната стратегија за правосудството

ДЕСК

Производството на сончоглед во 2025 година е зголемено за 5.8 % во однос на 2024 година

ДЕСК