12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИНТЕРВЈУИЗБОР

Од хаос и задолжена Агенција за храна и ветеринарство до успешнa приказна, зад која стои директорот Зоран Атанасов

Кој е Зоран Атанасов?

Директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, семеен човек, оженет со две деца, доктор по ветеринарна медицина.  Роден e на 01.09.1966 година во Струмица. Основното образование го завршив во родниот град, средно ветеринарско училиште завршив во Битола а дипломирав на Факултетот за ветеринарна медицина во Загреб, Република Хрватска.

Во периодот после дипломирањето имам посетувано бројни обуки и курсеви од областа на безбедноста и одбраната, меѓу кои позначајни се: Лидери на 21 век на Центарот Џорџ Маршал (“Lеаders for  21-st century“  –  George C Marshal Center, Garmish Partenchirchen, Germany), Управување со ресурси, планирање и имплементација на финансиски и материјални ресурси на Кралска школа за бизнис (“Resource management Planning and implementation of finance and material resources“ –  Queen’s School of Business, Ottawa, Canada).

Од областа на безбедност на храната има завршено повеќе обуки и работилници меѓу кои: Безбедност на храната, Министерство за земјоделство на САД, во рамки на програмата Кокран на Универзитетот на Северна Дакота (Food Safety / HACCP UNITED STATES DEPARTMENT OF AGRICULTURE Cochran Fellowship Program North Dakota University  Fargo, U.S.A); Официјална контрола на храната од животинско потекло, микробиолошки критериуми и примероци – Агри-Консалтинг Европа С.А. (Official control of animal origin food, microbiological criteria and sampling – Agri-consulting Europe S.A); Следливост на движењето и официјална контрола на храната од животинско потекло на граничните контроли – (Traces and Official control of animal origin food on Border control point – BTSF, Trade Control and Expert System, TAIEX); Миграција на кучиња и мачки (Movement of dogs and cats, BTSF); Значењето на следливоста  во извозот на живи животни  и производите од животинско потекло, (Traces use at Import of live animals and products of animal origin), BTSF Обука за ветеринарство и безбедност на храна на граничните пристаништа и во граничните инспекциски места , (Training on Veterinary and Food Safety control checks at seaport border inspection posts, BTSF).

Својата работна кариера ја започнав како офицер во Армијата на Република Северна Македонија и во Министерството за одбрана, каде што работев од 1994 до 2005. Армијата и министерстото за одбрана ги напуштив со чин мајор. Во 2005 година почнав да работам во тогашната Управа за ветеринарство при МЗШВ, која подоцна во 2011 година со спојување помеѓу Дирекцијата за храна и Управата за ветеринарство прерасна во сегашната Агенција за храна и ветеринарство.

Во досегашната кариера имам изработено или сум учествувал во изработка на многу национални документи и упатства и прирачници (пр. Националниот концепт за логистичка поддршка на АРМ, на Доктрината за логистичка поддршка на АРМ и на Националниот концепт за поддршка од земја домаќин (НАТО партнерска цел).

Понатаму можам да спомнам дека на локалните избори во 2009 година бев избран за Советник во Советот на Општина Аеродром со мандат од 2009-2013 година.

Пред изборот за прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство, како професионалец во областа на ветеринарството, работев како советник во кабинетот на дополнителен заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Предизвици по превземање на АХВ?

Првиот сериозен предизвик беше да се стабилизира целокупниот систем за безбедност на храната. Агенцијата ја затекнав со финансиси  долг од 9,1 милион евра кон лабораториите, ветеринарните друштва, сточарите и другите деловни субјекти. Поради овие долгови системот за безбедност на храната беше пред колапс, постоеше опасност секој момент лабораториите и ветеринарните друштва да престанат да ги дават нивните услуги, а сточарите да престанат да го предаваат заболениот добиток при спроведувањето на програмите за справување со болестите кај животните. Со нефункционирањето на само еден од повеќето клучни сегменти во интегрираниот систем за безбедност на храната (операторите со храна, лабораториите, ветеринарните друштва, сточарите, научните институции и другите државни институции инволвирани во синџирот на безбедност на храната) системот станува нефункционален и неможете на граѓаните да им гарантирате конзумација на безбедна храна.

Друг предизвик беше и сеуште е да се врати нарушената довербата на грѓаните и операторите со храна  кон Агенцијата за храна и ветеринарство. На оваа поле напорно работиме и се корегираме. Во последните три години од страна на корисниците на услуги на АХВ преку меѓународниот стандард за квалитет ИСО 9001:2015 сме оценети со оценка одличен. Во континуитет просечната оценка има тенденција на раст. Минатата, 2019 година ја завршивме со досега највисока просечна оценка 4,77.

Трет предизвик беше да се интензивира меѓународната соработка и евроинтеграцискиот процес. За успешноста во евроинтеграцискиот дел зборуваат највисоките оценки кој ги добивме од страна на Европската комисија при оценувањето во 2017 и 2018, оценката за 2019 ќе ја видиме во 2020 година. Меѓународно се  етаблиравме како сериозна институција а тоа резултираше со потпишување на партнерски  договор за соработка со министерството за здравство на Република Италија, Договори за соработка со Агенцијата за бедбедност на храната  и  Агенцијата за проценка на ризик на Република Бугарија, Договори со министерството за здравство и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, пред потпишување е и договорот со Република Словачка, водиме преговори за потпишување на договор за соработка и со Република Турција. Во меѓувреме работиме на воспоставување на националната структура на Codex alimentarius и др активности.

 

Активности на кои е горд?

Подобрувањето на функционалноста на интегрираниот систем за безбедност на храната.

Минатата (2019) година за прв пат од постоењето на Агенцијата за храна и ветеринарстрво не е евидентиран случај на болничко лекување на луѓе поради труење од храна. Реткост со која и земјите со највисок економски стандард неможат да се пофалат. Само за споредба, во светот на годишно ниво се евидентират преку 600 000 000 случаеви на труење од храна кај лиѓето а од нив преку 430 000 завршуваат со смрт.

Воспоставувањето и спроведувањето на организирана внатрешна едукација и пренос на знаење помеѓу вработените, алатка која овозможува да ја зајакнеме меморијата на институцијата а со тоа успешно да се справуваме со секојдневните предизвици.

Во 2018 воспоставивме организирана внатрешна едукација и пренос на знањеата, стекнатите знаења на меѓународните обуки и научените лекции и совети.

Понатаму од моето доаѓање за директор на АХВ за првпат се воведоа следните програми:

  • Програма за мониторинг на антимикробна отпорност,
  • Програма за мониторинг на безбедност на храната за исхрана на животните
  • Посебна програма за опасност од физички, биолошки, хемиски и други контаминанти во храната.
  • Во програмата за мониторинг на безбедноста на храната воведовме нова активност мониторинг на јонизирачко зрачење на храната.
  • Го намаливме ДДВто на ветеринарномедицински препарати од 18% на 5%.
  • Воведовме покривање на трошоците од страна на државата за вакцинација против ентеротоксемија кај овците во висина од 50% ,
  • Во 2019 година после 12 години за првпат се изврши корекција на надоместокот за активности извршени од областа на ветеринарното јавно здравство во висина од 10% за да следната 2020 се направи уште една корекција во висина од 10%,
  • Успешно ја спроведовме кампањата за микрочипирање на домашните миленици и копитарите,
  • Станавме прва земја ( институција) која не е членка на европската унија а рамноправно учествува во СИГМА проектот на ЕУ.
  • Стекнавме меѓународен статус на земја слободна од болеста Лигавка и шап и Африканска болест кај коњите,
  • Понатаму го трасиравме патот кон добивање меѓународен статус на земја слободна од повеќе болести без вакцинација кај животните и тоа класичната свинска чума, беснилото кај животните, јазлестата кожа кај говедата и чумата кај малите преживари.

 

Успеси на АХВ?

За прв пат од постоењето на агенцијата не е евидентиран случај на болничко лекување на луѓе затруени од храна.

Високи оцени од страна на корисниците на услугите на агенцијата за храна и ветеринарство.

Високи оцени од страна на европската комисија за напредокот во поглавјето 12 посебно ветеринарната политика и безбедноста на храната.

Спречивме влез на пратка со свинско месо во која беше пронајден вирусот на африканска чума кај свињите.

Прва институција која не е членка на европската унија а рамноправно учествува во СИГМА проектот на европската унија.

Една од неколкуте земји која зема учество во проектот на EU-FMD при ФАО за изработка на модулот за следење на ширењето на болестите кај животните, мерење на успешноста на мерките за превенција и калкулација на трошоците при нивното спроведување.

 

Справување со кризи пр Африканската Свинска Чума?

За справување со можни кризи агенцијата изработени повеќе планови за итни мерки,  за разлика од периодот до 16 Јуни 2017 година,  кога во АХВ имаше изработено само еден план за итни мерки а сега имаме вкупно 7 планови за итни мерки ( Класична чума кај свињите, Чума кај малите преживари, Лигавка и шап, Авијарна инфлуенца, Сипаници кај овци и кози, Болести кај рибите, План за итни мерки при појава на небезбедна храна).

Набавена е опрема за итни мерки која во најголем дел е предадена кај инспекторите на користење а дел е во магацините на АХВ.

Во моментов голем предизвик за нас во Агенцијата е сериозната закана од појавата на болеста Африканска Свинска Чума.

Затоа Агенцијата секојдневно ја следи состојбата со болеста во регионот и соседството. За спречување и справување со можната појава на  болеста во државата Агенцијата изработи оперативен акционен план за справување со болеста, на  предлог на АХВ владата ги задолжи останатите институции да преземат соодветни мерки и активности како би се спречила појавата на болеста, редовно држиме состаноци со одгледувачите на свињи и ловните друштва, имавме неколку состаноци на Националниот Центар за Контрола на Болести, направивме теренска симулациона вежба, изработивме брошури за спроведување на биосигурносни мерки на одгледувалишта за свињи, работиме на категоризација на одгледувалиштата според спроведените биосигурностни мерки, најнова активност која ја воведуваме оваа година е посета од ветеринар на одгледувалиштата со цел едукација на фармерите за заштита и можно рано откривање и превенирање од ширење на болеста, земаме примероци од одстреланите и пријавените угинати диви свињи за утврдување на вирусот на африканската свинска чума, во тек е подготовката на кампањата за јакнење на јавната свет од можноста за појава и ширење на болеста, гостуваме на медиумите со цел запознавање на јавноста со болеста и редовно ја информираме јавноста за состојбата во регионот и кај нас.

Постојано сме во комуникација со останатите меѓународни институции кои го следат ширењето и движењето на болеста и даваат соодветни препораки за заштита.

Спонзорирано: