Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повредени неколку лица во сообраќајна несреќа во Гостивар

Вчера напладне на крстосницата на улицата „101“ со улицата „ЈНА“ во Гостивар се случила сообракајна незгода во која повредени се неколку лица, меѓу кои и 13-годишна малолетничка.

Несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило „хјундаи санта фе“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Гостивар и патничко моторно возило „рено трафик“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(40) од Гостивар.

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Х., а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од возилото „хјундаи санта фе“, Д.А.(44) и 13 годишна малолетничка и уште две сопатнички од другото возило, С.Б.(39) и С.М.(61), сите од Гостивар. Тие биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарски помош“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК