Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за сообраќајката во Куманово: Удриле во бетонски столб, едниот загинал на лице место, другиот со тешки повреди во болница

Рано утринава во 06,30 часот било пријавено дека во Куманово на улица „Октомвриска револуција“, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб.

Во возилото биле Д.В.(21) и М.С.(21) двајцата од Куманово кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. констатирана била смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

ДРАМА НА ШУМСКИ ПАТ КАЈ ГОСТИВАР – 23-годишник паднал од четирицикл и завршил со повреди

ДЕСК

СООБРАЌАЈНА ДРАМА ВО ГОСТИВАР – Повреден 17-годишник, автомобилот избегал од местото на несреќата

ДЕСК

УКРАДЕН „РЕНЏ РОВЕР“ ВО ТЕТОВО – Возилото било со швајцарски таблички, полицијата трага по сторителот

ДЕСК