20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Атанасов: СДСМ исплати 381,6 милиони евра за земјоделците

„Земјоделството и руралниот развој се приоритети за СДСМ.Од почетокот на мандатот досега за агросекторот исплативме финансиска поддршка од околу 381,6 милиони евра.За прв пат субвенции добиваат и малите земјоделски стопанства, кои имаат обработлива земјоделска површина со големина од 0,2 до 1 хектар.На сметките на 1.447 земјоделци кои имаат мали земјоделски стопанства деновиве легнаа 11,3 милиони денари“, изјави Зоран Атанасов, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Според него, синасиската поддршка за сите земјоделци кои имаат производни капацитети од 0,2 до 0,5 хектари, изнесува 6.000 денари по земјоделско стопанство, а корисниците со производни капацитети од 0,5 до максимум 1 хектар, добиваат 12.000 денари по земјоделско стопанство.

„Изминатиот период, ги исплативме субвенциите за полједелците, за градинарите, за лозарите и овоштарите, одгледувачите на овци и говеда.Продолжуваме со редовна и неселктивна исплата на субвенциите на сите лица кои правно – законски се стекнале со право за користење на оваа финансиска поддршка.Во изминатиот период покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството како клучна стопанска гранка. По тој пат продолжуваме и во новиот мандат.Мерката зелена нафта даде одлични резултати и опфати 55.000 земјоделци, затоа до крајот на мандатот процентот кој ќе биде субвецниониран од 30 го зголемуваме на 100. Тоа значи бесплатна „зелена“ нафта за сите земјоделци до 2024 година.Обезбедуваме и двојно повеќе пари за поврат на персонален данок кај земјоделците.Продолжуваме со навремена и неселективна исплата на субвенциите“, додаде тој.

Спонзорирано: