Centar.mk
ЛОКАЛНО

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на Водно.

„Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како држачи и слично“, соопштија од ЈСП.

Од таму велат дека вонредната дезинфекција е мерка за заштита од коронавирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат жичницата.

Дополнителната, односно вонредна дезинфекција ќе се врши секојдневно, сè до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со коронавирусот.

Инаку, додаваат од ЈСП, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, велат од ЈСП, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство и секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

Можеби ќе ве интересира

Општина Карпош се залага за посилна институционална заштита и општество без насилство

ДЕСК

ДЕЛ ОД ОХРИД И ТРИ СЕЛА БЕЗ ВОДА – Дефект на главниот цевковод, прекинот започнал во 9 часот

ДЕСК

Започна големата еколошка акција „Зелена Општина Илинден“ – засадени декоративни садници во новиот парк во Дељадровци

ДЕСК