7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уапсени три лица во Скопје: Ги спречувале полицајците да си ја вршат својата должност

Во текот на вчерашниот ден полицијата сопрела товарно возило кое нелегално пренесувало песок, по што возачот и уште две лица ги навредували и се заканувале на полицајците по што биле уапсени.

Вчера попладне во 13 часот и 20 минути, при вршење на спровод на товарно моторно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(43) од Скопје, а кое претходно било запрено поради вршење на нелегален превоз на минерални суровини (речен песок) од с.Катланово, до Полициското одделение Петровец, возачот го запрел возилото и не сакал да продолжи.

Веднаш потоа со патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки пристигнале А.Л.(27) и С.Л.(55), двајцата од Скопје, кои ги спречувале и навредувале полициските службеници, а во еден момент А.Л. ги одземал и клучевите од товарното возило со цел да ги спречи полициските службеници истото да го однесат до Полициското одделение Петровец.

Тројцата биле лишени од слобода и предадени во полициска станица за понатамошна постапка.

Спонзорирано: