Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски со рускиот амбасадор Баздникин: Потврдени се добрите односи меѓу државите

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во нашата држава.

На средбата е заеднички констатирано дека односите меѓу двете држави се одвиваат на принципиелно, пријателско ниво и дека постојат потенцијали за унапредување на соработката во областа на економијата, образованието, науката и културата.

Амбасадорот Баздникин донесе писмо од рускиот премиер Михаил Мишустин, со благодарност до премиерот Спасовски, за честитката за неговото назначување на позицијата и со изразена подготвеност за унапредување и продлабочување на соработката, во областите значајни за граѓаните.

„Посветени сме на градењето добри односи со државите, на демократско ниво. Нашите стратешки приоритети се интеграциите во НАТО и ЕУ, кон што сме фокусирани, како и економскиот развој на државата. И ние гледаме можности за унапредување на економската соработка со Руската Федерација, во функција на подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани“, рече премиерот Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК