Centar.mk
ЛОКАЛНО

Се санираат штетите од невремето во Аеродром

Комуналните екипи на Општина Аеродром и на Град Скопје ги санираат последиците од силниот ветар што синоќа предизвика штета на повеќе локации во Скопје.

Невремето остави откорнати дрвја и покриви и на територијата на Општина Аеродром. Службите од утринава работат на расчистување на теренот, кастрење и собирање на гранките од улиците, патеките и влезовите пред училиштата и градинките.

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да пријават доколку забележат паднати дрвја и поголеми гранки, со цел комуналните служби да излезат навремено и да го расчистат теренот.

Можеби ќе ве интересира

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

ДЕСК