Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсени три лица за тешка кражба во Арачиново

Полициски службеници синоќа уапсиле двајца малолетници и 22-годишно лице од с. Арачиново поради тешка кражба. Како што соопшти МВР, Н.Е.(22) и двајца 17-годишни малолетници, сите од с. Арачиново, синоќа околу 21:40 часот на ул. Трајко Китанчев извршиле тешка кражба на Љ.Д.(51) од Скопје и ѝ одзеле чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и запреле автомобилот „фолксваген пасат“ во кој биле лицата, а при преглед во возилото биле пронајдени одземените предмети. Исто така, биле пронајдени прашеста материја, марихуана, четири куршуми од пиштол, нож и две дрвени палки, а кај Н.Е. биле пронајдени 10.000 денари и два мобилни телефони.

Лицата биле приведени во Полициската станица Гази Баба, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК