Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров во работна посета на Чешка

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре и задутре заминува на работна посета на Прага, Република Чешка.

Првиот ден од посетата ќе биде посветен на билатерални средби со чешките домаќини, министерот за надворешни работи, Томаш Петричек, а предвидени се и состаноци со претседателот на Долниот дом на чешкиот Парламент, Радек Вондрачек, и со државната секретарка за европски прашања, Милена Хрдинкова, како и учество на панел-дискусија во Институтот за европска политика – ЕУРОПЕУМ.

За време на вториот ден од посетата, Димитров ќе учествува на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група – V4 и земјите од Западен Балкан – WB6, којшто се организира во рамки на чешкото претседавање со Вишеградската група. Состанокот се очекува да овозможи отворена дискусија на министрите и претставниците на ЕУ-институциите за состојбата и очекувањата поврзани со евроинтегративните процеси во регионот.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +