Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица Сопот, постапувајќи по претходно добиено известување, го привеле Б.Д.(29) од Скопје, кој управувал товарно моторно возило “Ман“, поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.

По преземените активности, полициски службеници во реонот на с.Ваксинце, пронашле 43 мигранти од Бангладеш, коишто биле превезувани во возилото. Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК