Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Семејна драма во Скопје: Маж ја нападнал мајка му со нож, а потоа ја запалил

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако нејзиниот син ја нападнал со нож, а потоа ја запалил.

-Вчера во 16:23 часот на ул. „Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода 47-годишниот В.С. од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15:40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите. Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ШЕФИЦА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Искра Хаџи Василева ја презема функцијата

ДЕСК

НОВА ПОЛИТИЧКА БУРА ЗА „АЛТА БАНКА“ – СДСМ тврди дека кривичните пријави се обид за заплашување

ДЕСК

ПИШТОЛ, МУНИЦИЈА И ПОЛИЦИСКА ОПРЕМА ВО „ГОЛФ“ – Кривични пријави против двајца браќа од беровско

ДЕСК