Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пратеник од ВМРО ДПМНЕ ги насмеа пратениците: СДСМ има прифатено да се донесат 1 милион Африканци во Македонија, а Македонија тогаш ќе се вика Македонија-Етиопија

Се претера и во македонскиот парламент. ВМРО ДПМНЕ и натаму го кочи донесувањето на круцијалните закони за Обвинителството, со кои ќе и се стави крај на мафијата.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Трајчо Димков од собраниската говорница “ексклузивно” предупреди:

– Социјалдемократите како проект имаат прифатено е донесувањето на 1 милион Африканци во Македонија, и Македонија тогаш ќе се вика Македонија – Етиопија. Колку што не’ има еден милион, уште еден милион. И тоа е договорено до 2030-та година да се направи. Се смеевте и тогаш кога го зборував ова, меѓутоа за се што зборувавме излезе вистина, за жал. Сакам да ја предупредам македонската јавност како што кажа мојот почитуван колега Илија Димовски за да остане за она што го зборував.

Вечерашната седница, предвидено е да трае се додека не се распушти собранието.

Собранието ќе се распушти и ќе се распишат избори само ако се донесат круцијалните закони за Јавно обвинителство, Одбрана и други, кои се битни за иднината на Македонија, во спротивно реално е да се очекува изборите да бидат одложени до редовниот термин.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +