Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во комбе пронајдени 53 мигранти, возачот приведен

Кај струмичкото село Куклиш, во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, уапсен е 43-годишен жител на валандовското село Дорломбос, затоа што при преглед во товарно возило „форд“, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти (37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет).

Ф.С. бил приведен во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ – Скопје и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија./Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК