На трибината “Агенда Преспа 20-24” посветена на развојот на преспанскиот регион, Владиката Пимен, како преспанец по потекло говореше за значењето на културното и духовното наследство што го има во Ресен и околината и дека и тоа е потенцијал за развој на регионот.
„Тука сум за да зборувам за развојот на преспанскиот регион и при тоа сакам да ви дадам поттик да ја направиме Преспа посетено место. Сега имаме прилика да станеме привлечна дестинација и не само како мене, што повремено се враќам во родниот крај, туку многу повеќе да допатуваат туристи, странски гости”, рече отец Пимен.
Тој истакна дека преспанскиот регион има голем потенцијал и исклучително важно е да се развива и отвара и за соседите Албанија и Грција, но и пошироко. Преспа има култура, историја и тоа треба да биде атракција, рече Пимен,
“Да не останеме дека ние знаеме само јаболка да произведуваме, туку да почнеме да шириме и култура и да ја продаваме како атракција. Да делуваме локално, а да размислуваме глобално“, ги охрабри Пимен своите сограѓани.