Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НАкС бара Собранието да го реализира најавеното покачување на платите во образованието

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска испрати допис до Собранието со кое бара да се усвои Законот за дополнување на Законот за исплата на платите во РСМ по скратена постапка, со што ќе се реализира најавеното покачување на платите во високото образование и наука пред распуштање на Собранието.

„Потсетуваме дека на својата 131. седница Собранието го усвои предлогот за донесување на овој закон, но, за жал, од тогаш, претседателот на соодветната комисија, г-н Влатко Ѓорчев, нема закажано расправа за овој закон. Сметаме дека покачувањето од 10% кој го предвидува овој закон е значајно за унапредување на позицијата на академската заедница, а за таа цел веќе се обезбедени средства од буџетот на РСМ за 2020 година“, велат од синдикатот.

Од таму бараат процедурата за овој закон да биде откочена и Собранието да го изгласа пред да се распушти, со што, како што велат, ќе покаже вистинска грижа за високото образование во државата. Во спротивно, велат од НАкС, ќе биде јасно дека покачувањето на платите за вработените во високото образование е предмет на предизборна политичка игра.

Можеби ќе ве интересира

Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

ДЕСК

Масовна тепачка меѓу шест жени во Скопје – Најмладата имала 30, најстарата 85 години

ДЕСК

Апсења на две локации во Скопје

ДЕСК