Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Комбе излета од патот кај Ростуше, возачот е тешко повреден

На регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, пред крстосница за селото Ростуше, товарно возило „ивеко“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф.(56) од селото Стримница, општина Желино, вчера во 12.10 часот излетало од патот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК