Centar.mk
БИЗНИС

ЕСМ ги проширува ветерниците, ВП ,,Богданци” во јануари произведe двојно повеќе од планот

Ветерниот парк „Богданци“ во јануари 2020 година произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95% натфрлање на планот. Минатиот месец е регистриран како еден од најдобрите периоди од почетокот со работа на Паркот на ветерни електрани „Богданци“. Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 MWh.

„Во 2019 година, овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 MWh електрична енергија, што претставува натфрлање на годишниот план за 6 проценти. Со постигнатиот резултат, Ветерниот парк ‘Богданци’ учествувал со 2,4% во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година“, велат од компанијата.

Инаку, во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на компаниите заинтересирани да го градат проектот е до 2 март./Makfax

Можеби ќе ве интересира

Нови цени на горивата – РКЕ ќе стокми нови цени на бензинот и дизелот

ДЕСК

Николоски: Штип и источниот дел на Македонија добиваат прво туристичко вештачко езеро, ќе биде завршено во 2027 пред предвидениот рок

ДЕСК

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА: Нови цени на горивата

ДЕСК