Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мизрахи го крши Уставот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загрозуваат членството во НАТО и ЕУ

-Христијан Мицкоски преку кадрите на Никола Груевски во преодната Влада го криши Уставот на државата, го загрозува членствово во НАТО и ЕУ и Преспанскиот договор, соопшти денеска СДСМ.

„Tехничката министерка за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи и тоа во државна институција, директно го прекрши Уставот и го поткопува Договорот од Преспа.

Загрозување на Договорот од Преспа е загрозување на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ, затоа што без Договорот нема ниту НАТО ниту ЕУ.

Таквиот противуставен потег на Мизрахи, по налог на Христијан Мицкоски и неговиот шеф Груевски е антидржавно.

Тоа е враќањето назад за кое зборува Мицкоски. Враќање во изолазија и обнова на криминалниот режим.

Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ против Преспанскиот договор, против НАТО и ЕУ се опасни за иднината на државата, за нејзините стратешки интереси.

Граѓаните ги препознаваат штетните политики на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ и затоа на 12 април повторно ќе ги казнат со нов убедлив пораз на изборите.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во Скопје – На автобуска постојка му ги украле парите

ДЕСК

Сосед физички нападна 38 годишна скопјанка – полицијата излезе со детали

ДЕСК

Драма во Скопје: 18 годишно момче претепано од неколкумина во центарот на градот

ДЕСК