24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Коста Петров: На луѓето преку глава им е од незивесност- СДСМ нуди план со долгорочна визија

Ние на ФБ и на Твитер, вели Петров, сите сакаме промена на општеството, но се создава еден систем каде што е табу, каде што е лошо да влезеш во политичка партија.

Пред да влезам во партија имав поинкава слика за некои политичари, но сега кога имам шанса да поминам повеќе време со нив, сфаќам дека луѓето всушност не ги познаваат вистински, вели потпретседателот на СДСМ, Коста Петров во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, вели дека доаѓа од приватниот сектор, ова е ново искуство за него.

-Она на што сум горд е што сум човек кој што не седи на страна, имам идеи и ги споделувам истите. Не сум човек ниту политичар кој што го осудува мислењето на другите, но идеата за подобро општество за сите е практично идеја за подобро утре за сите. Моето мото во живото е „Помогни онаму каде што можеш“. Тоа го направив во Министерството за здравство, помогнав и за Евровизија, и фала Богу имам стабилна фирма која што „растура“ низ светот и не работам за надомест. Јас сум човек кој што сака да седне и да си ја сработи работата. На тоа се фокусирам во моментов и сметам дека на луѓето им е доста и здосадено од дебати каде натпреварот е кој повеќе ќе се издере, но јас сум човек со план и визија. Ќе повторам – што повеќе луѓе, чесни луѓе да влезат во политиката- вели Петров.

извор Слободен Печат