5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Oбезбедивме над 30 молекули скапа биолошка терапија за борба против ракот

Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ, Венко Филипче, синоќа во Прилеп присуствуваше на документарната театарска претстава „Жени“, која се одржа во Народниот театар „Војдан Чернодрински“, по повод 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот, во организација на Форумот на жени на СДСМ Прилеп.

Пред почнувањето на претставата, Филипче ги повика сите присутни да направат редовни лекарски контроли и со здрава исхрана и физичка активност да се грижат за сопственото здравје. Тој им порача на сите мажи и жени кои се борат со ракот дека не се сами и дека Владата води вистинска здравствена политика за подобрување на здравјето на сите граѓани.

„Сега сите лекови се со сертификат за квалитет. За првпат сите жени со рак на дојка имаат терапија. Обезбедивме над 30 молекули скапа биолошка терапија, која претставува значаен чекор и најсилниот удар во борбата против ракот. Воведовме новина, а тоа е двојно читање на мамографиите од два независни читачи-радиолози. Би сакал да потенцирам дека за првпат обезбедивме и психолошка поддршка на пациентите, затоа што психолошката поддршка е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите“, изјави Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК