Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ужас во Скопје: Во болница донесено 15-годишно девојче со прострелна рана на нејзината глава, до неа пронајден бил и пиштол

На 27.01.2020 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда во главата од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го поседувал со дозвола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК