Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Градиме здравствен систем што се грижи за граѓаните, годинава започнува изградба на нов клинички центар, се набавуваат и нови возила за итната помош

За две и пол години, СДСМ покажа што значи вистинска грижа за здравството, лекарите и пацитентите. Преку одговорни мерки и политики градиме здравствен систем кој се грижи и нуди квалитетни здравствени услуги за сите граѓани. Годнава започнува изградбата на нов клинички центар во Ѓорче Петров со целосно современа зграда и интегриран тип на услуги за да се обезбеди врвна здравствена заштита на пациентите. Во текот на оваа година е предвидено купување на 70 нови возила на итната медицинска служба, но обновување на возниот парк ќе се спроведува континуирано секоја година од новиот мандат, соопшти денеска СДСМ.

„Платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал ќе продолжат да растат. Новата програма на СДСМ предвидува и зголемување на платите на здравствените работници до 10 отсто секоја година, со цел тие да останат тука, да пружаат услуги во јавното здравство.

Посветеноста и сериозноста на СДСМ во создавање на функционален здравствен систем и овозможување брза и квалитетна услуга за пациентите продолжува.

Продолжуваме на прав пат заедно со граѓаните и по победата на 12 арприл.“ – се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Штип, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

ДЕСК

Со брза реакција на полицијата, пронајдено е возилото на косовски државјанин само неколку часа откако беше пријавено за одземено

ДЕСК

Расчистена кражба во куќа во Тетово, пронајден е сторителот и дел од парите, следува соодветна пријава

ДЕСК