Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка утрово: 23-годишник од Скопје тешко повреден

Рано изутринава 23-годишен возач со возилото удрил во бетонска жардињера и се превртел.

На 24.01.2020 во 04.00 часот на бул.„Јане Сандански“, пред крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(23) од Скопје, удрило во бетонска жардињера и се превртело.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Судир меѓу „тојота“ и „голф“ – има тешко повреден

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млади момчиња итно пренесени во скопските клиники

ДЕСК