Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против отписот на каматите на долговите што ги имаат граѓаните, затоа на 12 април ќе доживеат нов пораз

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги блокира сите проекти и законски решенија во интерес на граѓаните, а сега тоа го прави со опструкција на работењето на собраниската комисија за финансирање и буџет. Опозицијата ги блокира предлог законските решенија за отпис камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица и на јавни препријатија, соопшти денеска СДСМ.

„Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ е против тоа трошоците на граѓаните да се намалуваат.

Овие мерки ќе им помогнат на граѓаните да се ослободат од долговите и каматите за нив и ќе овозможат подобрување на животниот стандард на сите граѓани, а ВМРО-ДПМНЕ е против тоа.

Тие се нов почеток за сите, после систематското уништување на државата во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ само заради теснопартиски интереси, ги блокира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и за рехабилитација на институциите.

Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе се изјаснат против сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +