19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шилегов: Нема да дозволиме на кејот повторно да никне дива населба и да стане депонија

Екипите на Град Скопје во соработка со општествено одговорни компании веќе два дена темелно ги отстрануваат остатоците од дивата населба под скопското Кале, која почна да се расчистува во големата акција на администрацијата за чистење на градот во текот на минатиот месец.

Градоначалникот Шилегов денеска најави засилени инспекции и казни за сопствениците на приватни имоти, кои ќе дозволат на нив да се создаваат диви населби и депонии.

децении имаше дива населба во која живееја бездомни лица, а која беше претрупана со отпад и беше извор на аерозагадување. Во текот на овој месец успеавме да не дозволиме на ова место повторно да се населат бездомни лица, кои се згрижени во капацитетите на Министерството за труд и социјална политика. Од вчера заедно со општествено одговорните градежни фирми, кои соработуваат со Град Скопје, на моја молба почна целосно и темелно расчистување на оваа локација. Досега во текот на овие два дена имаме подигнато над 500 кубни метри смет. Јас очекувам дека во наредните десетина дена ќе завршиме со расчистување на овој терен. Интересно е што ова место што го чистиме е всушност приватна сопственост и целиот овој потег на левата страна на Вардар, почнувајќи од хотелот „Александар палас“ па сè до мостот „Гоце Делчев“, е поранешно државно земјиште кое им е продадено на приватни физички и правни лица. Ова е последен пат Град Скопје овде да интервенира. Кога ќе ја доведеме состојбата во ред, ќе ги задолжиме сопствениците на одржување и ќе бидеме ригорозни во изрекување казни ако не ја одржуваат сопственоста чиста. Сите сопственици се писмено известени, а ја користам и оваа можност јавно да ги известам за да немаме недоразбирања. Навистина не мислам дека треба да правиме компромис, доколку некој го купил ова земјиште, тој треба и да го одржува и да не дозволува на него да се случуваат вакви работи“, рече Шилегов.

Тој упати благодарност до сите општествено одговорни компании што се вклучија во оваа акција за расчистување и изрази уверување дека сликите што ги гледавме во минатото повеќе во овој град нема да се повторуваат.

Спонзорирано: