Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски – Секизќок: Има интерес за унапредување на економската соработка со Турција

Премиерот Оливер Спасовски се сретна со Хасан Мехмет Секизќок, новоименуваниот амбасадор на Република Турција во нашата држава.

„Соопштено е дека Република Турција продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ-интеграциите и дека се подобрува соработката на економски план. На средбата е заеднички констатиран напредок во односите помеѓу двете држави, особено во областа на економијата, образованието, одбраната, културата. Изразени се определби за унапредување на односите меѓу двете држави, за мотивирање нови турски инвестиции во земјата и за зголемување на трговската размена, која и сега е на високо ниво со оглед дека Република Турција е меѓу десетте држави со кои Република Северна Македонија има најголема трговска размена“, соопштија од Владата.

„Насочени сме како Влада, особено кон економскиот развој на државата. По решенијата на сите други прашања важни за земјата, со посветеност работиме на развојот во областите што се од директен интерес за граѓаните, како што е економијата. Остануваме посветени на сите инцијативи за олеснување на соработката на овој план меѓу нашите две држави. И особено сме благодарни за континуираната поддршка на Република Турција во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и напредокот во евроинтеграциите“, рекол Спасовски.

На средбата било оценето дека со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО се создаваат можности за поблиска соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и кон заедничките приоритети во рамките на алијансата.

Исто така, изразена била заедничка определба за борбата против тероризмот и обезбедувањето мир во државите и светот.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК