Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за инцидентот во Куманово во кој беше запалено полициско возило и беше пукано кон полицајци

На 20.01.2020 околу 02.10 часот полициски службеници при СВР Куманово на ул.„Трета македонска бригада“ во Куманово забележале едно лице кoe предизвикало пожар на моторно возило „шевролет спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешен Дом на АРМ. Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на ул.„Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало.

Нема повредени.

Опожареното возило „шевролет спарк“ е изгаснато по интервенција од страна на Противпожарната единица Куманово. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК