Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Димковски: Еве доказ за манипулацијата која дополнителниот заменик министер Цветан и неговиот советник Марјан Атанасов ја прават со земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo, Трајан Димковски, објави доказ за, како што вели, манипулацијата која дополнителниот заменик министер Цветан и неговиот советник Марјан Атанасов, ја прават со земјоделците.

„Во прилог е доказот за манипулацијата која дополнителниот заменик министер Цветан и неговиот советник Марјан Атанасов, ја прават со земјоделците.

Имено ова е записник во кој советникот на Цветан, констатира дека Екрем Јаји не постапил согласно укажувањето и не ја отстранил узурпацијата. Квалификувајќи го како узурпатор со овој записник му е скратено правото на обештетување.

Цветане кажете му ја вистината и престанете да ги злоупотребувате земјоделците за приватни цели.“ – напиша Димковски на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК