Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Монд“: Франција ќе го тргне ембаргото за Македонија, ако се преуреди постапката за проширување

Франција сака прво да се преуредат постапките за прием на нови членки во Европската унија, пред таа да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија, пишува француски „Монд“. Франција под тој услов е подготвена да го повлече ембаргото за почеток на преговорите со Скопје и со Тирана, „пренесува Слободен печат.

Весникот пишува дека тоа го потврдил и првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел, посочувајќи дека ако се постигне договор за модернизација на пристапната постапка, верува оти е можен напредок.

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата му стави до знаење на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Париз дека Франција е подготвена за поместување, ако се промени методот на преговори.

Француски дипломатски извори за „Монд“ изјавиле дека преговорите какви што се сега може да траат со години, а земјите кандидатки за тоа време да останат надвор од Унијата. Таков пример во моментов е Србија, и тоа може да донесе намалување на волјата кај граѓаните за ЕУ. Затоа подобро е да се развие постапка за постепено подготвување на земјите.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОЗАЧКА, СО 2,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ: Маж осомничен за безобѕирно управување, сообраќајка, бегство од полиција, а откако го фатиле ги тепал полицајците

ДЕСК

Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

ДЕСК

Филипче од Конгресот: „Твоја држава – твоја шанса“ е морален завет на СДСМ

ДЕСК