17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски се сретна со воздухопловниот маршал Стјуарт Пич, претседавач на воениот комитет на НАТО

Претседателот Стево Пендаровски го прими претседавачот на воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беа разменети мислења и информации за тековните процеси во државата во пресрет на скорешното членство во НАТО.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за актуелната состојба во Ирак и на Блискиот Исток. Со полноправното членство во НАТО, истакна претседателот Пендаровски, се остварува еден од клучните стратешки приоритети на Северна Македонија, дефинирани од почетокот на нејзината независност.

Придонесот во меѓународните мисии и вежби предводени од НАТО, според претседателот Пендаровски, се доказ дека нашата Армија е подготвена да придонесе во колективниот систем за безбедност на Алијансата.

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за натамошни реформи во Армијата и зголемување на нејзиниот буџет на 2 отсто од БДП до 2024 година.

На средбата беше потврдена поддршката што ја дава алијансата за претстојната фаза на финализирање на интеграцијата на нашата држава во НАТО и беше посочено дека Република Северна Македонија од ценет партнер станува сојузник во алијансата.