Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Четири лица повредени – Тешка сообраќајка во Македонија

Во 13.00 часот на крстосница од улиците „Бошко Јанкоски“ и „Цане Коњарец“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(63) од Прилеп и патничко возило „југо корал“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(63) од Прилеп.

Во незгодата Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле тројцата сопатници од истото возило И.П., М.И. и П.И., по што биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК