9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

Полицијата ќе добие нова алатка: Пијаните возачи ќе ги открива со ласер и тоа без да ги запира нивните возила

Британската полиција наскоро би можела да добие нов алат против возачите кои зад волан седнуваат во алкохолизирана состојба.

Полицијата нив ќе може да ги открие на 20 метри и тоа без да ги запре нивните возила. Се прашувате како? Се работи за ласер!

Уредот е базиран на ласер кој ги открива алкохолните испарувања во автомобилот и може да открие возачи кои претерале. Откривајќи ситни промени во ласерскиот зрак кој проаѓа низ испарувањата во автомобилот, може да открие концентрација на алкохол и до 0,1%.

Креаторите на уредот засега немаат решение за ситуација во која возачот е трезен, а сопатниците се пијани, како и за онаа во која алкохол може случајно да биде истурен во внатрешноста на возилото.

Можеби ќе ве интересира

Off-road ритамот на џезот на интимна средба со возбудливиот Defender

ДЕСК

Хрватска ќе го помогне евринтегративниот пат на нашата земја.

ДЕСК

Пет златни совети како да заштедите гориво – еве кои се

ДЕСК