Centar.mk
МОЗАИК

Бадникови обичаи и верување за да ве следи здравје цела година

Православните христијани во понеделник го прославуваат Бадник, ден пред најголемиот празник Рождество Христово – Божик.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка.

Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството.

Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.

Можеби ќе ве интересира

Светскиот ден на турското кафе ја открива вековната традиција и културното наследство на Туркије

ДЕСК

ОСАМЕНОСТА МОЖЕ ДА ПОСТОИ И ВО БРАК – Истражување отвора прашања за здравјето на постарите лица

ДЕСК

ДЕНЕС ЅВЕЗДИТЕ НОСАТ ИЗНЕНАДУВАЊА – Три знаци пред важна одлука, еден може да добие порака што менува сè

ДЕСК