24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште една трагедија пред Нова Година во Македонија: Го однеле во три болници но починал

Маж од Лабуништа почина и покрај напорите на лекарите да го спасат, откако паднал од куќа.

Во Медицинскиот центар во Вевчани викендов со тешки телесни повреди е донесен 51-годишниот М.М. од струшкото село Лабуништа, кој потоа бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа, со медицинско возило е транспортиран кон Ургентен центар во Скопје, но за жал починал.

Тој изведувал градежни работи во двор од семејната куќа во Лабуништа при што паднал од висина и потоа починал.

Извршена е обдукција и не се утврдени траги на насилство на телото.