Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се реформира дипломатската служба

На оваа седница владата го прифати текстот на Предлог-закон за надворешни работи, кој има за цел реформа на дипломатската служба во насока на нејзина целосна професионализација и приближување кон европските текови за современи дипломатски служби. Овој Предлог-закон прави разлика меѓу надлежностите и принципите на работа, како и правата и обврските од работниот однос на дипломатите и на административните службеници во Министерството.

Со новото законско решение се предлага бројот на шефовите на дипломатско конзуларните претставништва од кариерните дипломати да биде 80%, а посебно внимание е посветено на структурата и раководењето со организационите единици во Министерството.

Со овој предлог-закон се предлага формирање на тело Колегиум, кое има надлежности во спроведувањето на насоките на министерот за остварување на стратешките цели во надворешната политика, заземањето ставови како и политиката за управување со човечки ресурси.

Можеби ќе ве интересира

ПАРИЧНИК СО ПАРИ И ДОКУМЕНТИ ИСЧЕЗНАЛ ВО АВТОБУС НА ЈСП – 61-годишна скопјанка пријавила случај во полиција

ДЕСК

ВО КАЗИНО НЕ СЕ ИГРАЛО САМО НА СРЕЌА – Двајца скопјани приведени по агресивно однесување кон полицајци

ДЕСК

БЕЛА ПРАШКАСТА МАТЕРИЈА ПРОНАЈДЕНА ВО ПАРКИРАН „ЦИТРОЕН“ – Приведен 40-годишен охриѓанец во Струга

ДЕСК