Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: ВМРО-ДПМНЕ го загрозува членството во НАТО

Свесното блокирање на Законот за одбрана од Христијан Мицкоски и неговите пратеници во Собранието значи кршење на Уставот загрозување на остварувањето на децениска стратешка цел – членството на Република Северна Македонија во НАТО, обвини Хари Локвенец, пратеник од СДСМ.

„Со неодговорните и лицемерни постапки ВМРО-ДПМНЕ создава ризик да испровоцира ново вето од Грција. Законот за одбрана е клучен за нашето членство во Алијансата. Неодговорно, несериозно и недозволиво е членството во НАТО да биде загрозено од пратениците, особено сега кога ратификацијата на Протоколот за пристапување е на самиот крај. Овој парламентарен состав има чест и обврска да ги спроведе зацртаните цели што обезбедуваат полноправно членство на државата во НАТО“, рече тој.

Затоа, додаде Локвенец, ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со ситно политикантство и да го поддржат Законот за одбрана кој е важен и за нашето членство во НАТО, но уште поважен за припадниците на нашата армија.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК