Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Директорката на МНТ имала само усна комуникација со организаторите на настанот на „Шверцери“

Министерството за култура добива насоки од Владата за штетата што беше направена во МНТ од страна на навивачката група „Шверцери“ минатиот месец, објасни премиерот Зоран Заев образложувајќи ја владината одлука за казнување на директорката на националната установа и надомест на штетата.

Во согласност со одлуката, министерот за култура ќе поведе дисциплинска мерка против директорката, која, како што рече Заев, имала само усна комукацијата со организаторите на настанот.

Во однос на надоместокот на штетата и до каде е санкционирањето на оние што ја направија штетата, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека по утврдување на материјалната штета, ќе се поведат постапки или спогодбено, односно договорно, ќе се надомести таа штета или ќе си поведат граѓанска постапка за надомест на штета.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК – Се слави Свети Архангел Михаил, небесниот заштитник и предводник на ангелите

ДЕСК

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК

СУДСКИ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО 350.000 ЕВРА – Вештак укажува на можни пропусти при обезбедувањето на доказите

ДЕСК