Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Царовска од трибината Агенда Млади 20- 24: За 2 и пол години младинската невработеност од 48.2% ја намаливме на 35.3%

Откако дојдовме на власт затекнавме целосна запоставеност на младите и неусогласеност на пазарот на трудот со потребите, со побарувачката и понудата, особено со потребите на младите. Ние презедовме одговорност и ги менуваме работите. За само 2.5 години успеавме младинската невработеност да ја намалиме од 48% на 35%. Не сметаме дека е доволно секако, но мерките што ги презедовме даваат резултат и тоа е евидентно, рече потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на денешната трибина Агенда Млади 20-24.

-Како млада политичарка можам да кажам дека кога се креираат младински политики тие мора да обезбедат резултати не само во моментот туку и во наредните 10 до 15 години. Состојбата која ја наследивме во 2016 година беше поразителна, тоа е резултат на лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ. Свесно или несвесно се уништувале стручните насоки, се симнало нивото на високото образование, и тоа донесе поразителни резултати. Младинската невработеност изнесуваше 48.2%. Тоа нас не мотивираше да креираме и имплементираме конкретни и вистински млади политики. За две и пол години младинската невработеност ја намаливме од 48,2 отсто на 35,3 отсто, тоа е доказ дека младинските политики на СДСМ се на прав пат и дека даваат резултат. Не велиме дека сме задоволни но ова е вистинскиот начин, ова се вистинските мерки и ние продолжуваме понатаму, рече Мила Царовска.

Трибината Агенда Млади 20-24 е дел од програмските трибини на СДСМ со експерти, претставници на невладини организации и партиски претставници за креирање на нови решенија и политики кои ќе бидат дел од новата победничка програма на партијата за изборите на 12 април.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК